Дојава за бомби во зградата на МНР

До Министерството за надворешни работи на Северна Македонија пристигна електронска пошта дека во зградата се поставени експлозивни направи, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Информираме дека до Министерството за надворешни работи преку електронска пошта пристигна информација дека во зградата се поставени експлозивни направи“, информираа од прес-службата на министерството.

Министерството веднаш ги известила соодветните служби во Министерството за внатрешни работи на земјата, по чии насоки заградата е веднаш евакуирана.

„Соодветно на безбедносните протоколи, штом се создадат соодветни услови, вработените ќе се вратат на работа“, се нагласува во соопштението на МНР.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).