Попоски: Голмиот студ допрва доаѓа, но и нов бран на врнежи од дожд и снег!

По снежниот бран кој беше најавен уште од пред дестина денови, и тој направи вистински хаос низ Македонија, следува краткотрајна стабилизација на времето.

Во понеделник и тоа поради разведрувањето, утрото ќе биде многу студено и температурите понекаде ќе се спуштат дури и под -10 степени, со што во Македонија го очекуваме првиот силен мраз за оваа сезона, иако оваа година многу порано за разлика од изминатите години,објави познатиот Метеоролог Славчо Попоски.

Нов влажен бран кој ќе донесе врнежи од дожд и од снег, особено на планинските места во Македонија ќе има во текот на утрешната ноќ, како и во вторник, и тогаш повторно врнежите локално врнежите ќе бидат обилни.

Во текот на новата седмица повторно наутро на повеќе места температурите ќе се спуштаат под нулата, а максималните температури ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 10 степени во најтоплите предели од Македонија, што значи дека пред нас е релативно студена седмица.

И во Скопје и околината очекуваме слично време, со нови врнежи од дожд и снег на околните планини во вторник.

извор: meteoalarm.mk