Во Македонија до недела продолжува периодот на стабилно, суво и на сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност. Сепак утре локално ќе има малку повеќе облачност и ќе има услови за сосема слаб дожд. Денес и утре ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој особено во источните поредели ќе засилува на интензитет, додека за време на викендот ветерот ќе го промени својот правец во јужен.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени, а за време на викендот во централните и во југоисточните предели тие ќе се искачат и до 20 степени, а не се исклучува можноста тие и да надминат 20 степени. Што е најважно, и утринските температури ќе бидат во пораст, па така ќе се намалат условите за појава на слана и на мраз.
Веќе од недела доцна попладне и навечер, како и во понеделник очекуваме нова поголема промена на времето кај нас, проследена со врнежи од дожд, во понеделник поради продор на студен бран од север ќе дува силен северен ветер кој ќе услови значителен пад на температурите на воздухот и врнежи од дожд и снег. Сепак детална анализа околу оваа голема промена на времето ќе објавиме во следните наши метео објави, кога се ќе биде многу појасно околу оваа промена на времето, пишува метеопрогнозерот Славчо Поповски.