165 санкционирани возачи во Скопје, 74 за брзо возење

0
195

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 165 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 12 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за нерегистрирани возила, три мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

извор: МВР