Апсење и претреси низ цела Македонија, мета е организирана криминална група за шверц на артефакти и предмети со непроценлива културна вредност

Утринава низа апсења во повеќе градови во државата. Според 24 инфо во истрагата се вршат претреси на над 20 локации и има повеќе уапсени криминалци. Мета на полицијата е организирана криминална група за шверц на артефакти и предмети со непроценлива културна вредност. Од МВР само потврдуваат дека во тек е полициска акција, а детали најавуваат по нејзиното завршување.

 

извор: 24 инфо