САД и Јужна Кореја започнаа некои од најголемите заеднички воени воздушни вежби со стотици борбени авиони кои вршат лажни напади деноноќно во поголемиот дел од неделата, пишува Ројтерс.
Операцијата наречена „Будна бура“ ќе трае до петок, а во неа ќе бидат вклучени околу 240 воени авиони кои ќе извршат околу 1.600 летови, се вели во соопштението на американското воено воздухопловство.
Пјонгјанг ги осуди заедничките вежби како проба за инвазија и доказ за непријателска политика меѓу Вашингтон и Сеул. Во знак на протест против неодамнешните вежби, Северна Кореја лансираше ракети, спроведе воздушни вежби и истрела ракети во морето, пренесува медиумот.
Сојузниците велат дека таквата обука е потребна за да се спротивстави на потенцијалните закани од Северна Кореја, која изврши рекорден број лансирања на проектили оваа година и се подготвува да продолжи со нуклеарно тестирање за прв пат од 2017 година.
„Будната бура“ меѓу другите авиони ќе вклучува и варијанти на стелт-ловецот Ф-35 од САД и Јужна Кореја. Австралија, исто така, ќе распореди авиони за полнење гориво воздух-воздух за вежбите.