Прекини на интернетот во Судан

0
165

Судан се соочува со сериозни прекини на интернет во услови на борба за власт на улиците на главниот град Картум и низ целата земја. Алп Токер, директор на НетБлокс, која се бави со следење на прекини, изјави дека повеќе интернет провајдери доживуваат прекини низ Судан, објави slobodnaevropa.mk.

Државните регулатори првично им наредија на провајдерите да го исклучат интернетот, бидејќи борбите почнаа да се интензивираат, но услугата беше брзо обновена, јави Ројтерс.

„Мрежните податоци во реално време покажуваат практично целосно прекинување на интернетот во Судан, националното поврзување не достигнува повеќе од два отсто од нормалното ниво“, објави на Твитер, организацијата НетБлокс со седиште во Лондон.

Насилството во Судан изби на 15 април меѓу силите лојални на армискиот началник Абдел Фатах ал-Бурхан и неговиот ривал и заменик, Мохамед Хамдан Дагло, кој командува со моќните паравоени сили за брза поддршка (РСФ).

извор: slobodnaevropa.mk