Усмртена мечка која истрчала на патниот правец Тетово-Јажинце, повредени и двајца возачи во незгодата

Мечка истрча на регионалниот пат кон Косово, односно Тетово – Јажинце, при што била усмртена на лице место.

„Во СВР Тетово е пријавено дека се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила, „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управуван од Б.Ш (60) од Доброште, „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки управуван од Н. Г(39) од Теарце и диво животно мечка. Мечката е усмртена на самото место. Двајцата возачи се здобиле телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово“, велат од МВР.

 

 

skopjeinfo.mk