Запален автомобилот на Груби во Чаир

Околу 3 часот утринава непознати лица го запалиле автомобилот на првиот вицепремиер Артан Груби, дознава порталот на албански јазик „Коха“.

Инцидентот се случил на улицата „Струмичка“ во скопската населба Чаир.

Полицијата во придружба на јавен обвинителот излегла на местото на настанот рано изутрината и го истражува случајот. Се чекаат повеќе детали по извршениот увид.

 

извор: Коха