(ВИДЕО) Американец легна врз автомобилот за да го заштити од силен град

0
503

На социјалните мрежи се споделува вирално видео во кое еден Американец со сите сили се обидува да го заштити својот автомобил од налетот на силен град.

„Она кога толку го сакате својот „Jeep“ што ќе го дадете и животот за него за да го заштитите“, напишала Тиктокерката Мери Ен Норис која прва го објавила видеото.

Виралната снимка е погледната повеќе од 2,5 милиони пати и предизвика бројни коментари.
„Го имаме победникот“, напишал еден корисник на ТикТок, а друг се надоврзал: „Сигурно не го осигурал автомобилот“.

@michelebergamasc9♬ suono originale – michelebergamasc9

„Ова покажува зошто жените живеат подолго од мажите“, се пошегувал некој, а многумина коментирале дека ваквиот потег на Американецот не е паметен и дека е исклучително опасно да се изложите на екстремно невреме и град.

Во таквите ситуации е важно да не се засолнувате под високи изолирани дрвја на отворено подрачје и да избегнувате врвови на ридови, отворени полиња и простори како и плажи и капење во вода.

 

 

tocka.mk