Каролина Биелавска од Полска вчера беше прогласена за Мис на светот, при што учесниците на изборот за убавина и организаторите изразија солидарност со Украинците за време на телевизискиот пренос, пренесуваат светските медуми.
https://www.youtube.com/watch?v=rNO0racTZh4&t=141s
Биелавска која се занимава со манекенство додека студира, беше крунисана во Сан Хуан, Порторико, три месеци по одложувањето на изборот поради пандемијата на ковид-19. Претставничката на САД Шри Саини беше прва придружничка, пред Оливија Јаце од Брегот на Слоновата Коска.
Првично закажан за декември минатата година, изборот за Мис свет беше одложен откако 23 од 97-те учеснички беа позитивни на ковид-19 на тестирањето пред церемонијата. За вчерашниот избор беа поканети 40 полуфиналистки.