Телескопот „Џејмс Веб“ испрати нова фотографија

Телескопот „Џејмс Веб“, лансиран од американската Национална аеронаутичко-вселенска управа (НАСА) на 25 декември минатата година, ја заврши фазата на заземање на позиција и ја испрати својата прва фотографија фокусирана на една ѕвезда, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на веб-страницата на НАСА, телескопот ја завршил фазата на заземање на позиција позната како „фина фаза“ на 11 март.

Секое огледало на телескопот, кое се состои од 18 хексагонални берилиумски парчиња, за прв пат зазема позиција и се фокусираше на една ѕвезда.

Ѕвездата, именувана како „2MASS J17554042+6551277“, е фотографирана со блиска инфрацрвена камера (NIRCam).

Не се откриени мерливи проблеми со контаминација или блокирање во фотографскиот експеримент реализиран за мерење на функционалноста на оптичките параметри на телескопот.

Со овој експеримент, научниците открија дека телескопот може успешно да собира светлина од објектите во вселената и да ја пренесе оваа светлина на нивните уреди без никакви проблеми.

НАСА го лансираше во вселената најголемиот и најнапредниот телескоп во светот „Џејмс Веб“ на 25 декември 2021 година.

Телескопот, кој е производ на соработката на НАСА со европската и канадската вселенска агенција, се смета за наследник на вселенскиот телескоп „Хабл“, кој беше најголемиот и најмоќниот телескоп, кој е стар 31 година и е при крај на својот работен век.

извор: Агенција Анадолија (АА).