Медицинската сестра Луси Летсби беше прогласена за виновна за убиство на седум бебиња во 2015 и 2016 година, како и обид за убиство на шест бебиња во истиот период во акушерскиот оддел на болницата во Честер, Велика Британија.
Таа користела методи како намерно вбризгување воздух, прекумерно хранење и труење со инсулин за да ги изврши убиствата и обидите за убиства, јавува Би-Би-Си.
„Таа направи се што е во нејзина моќ за да ги скрие злосторствата и го менуваше начинот на кој постојано им нанесуваше штета на бебињата за кои се грижеше“, рече еден од обвинителите, Паскал Џонс.
фото: Архива