СДС од ЕСМ направија претпријатие на кое му требаат константно приливи за одржување на ликвидноста, во моменти кога во цел свет енергетските претпријатија нижат огромни добивки, вели Марија Митева портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање како го коментираат новиот заем на ЕСМ од 100 милиони евра.
Митева посочи дека пукнале сите балони со лаги дека ЕСМ работи одлично изминатиот период.
Пукнаа сите балони со лаги за одличната работа на ЕСМ. Самиот факт што ЕСМ има потреба од ликвидност, говори дека 7 години СДС води погрешни политики.
Митева праша дали овие 100 милиони евра заем на ЕС треба да завршат во нечии џебови преку разни тендери и до кога ЕСМ ќе служи за богатење на поединци на власта наместо за производство на струја.
Дали и овие 100 милиони треба да завршат во нечии џебови преку тендери за разни набавки, а граѓаните се тие кои треба да го враќаат тој заем, со камати? До кога ЕСМ ќе служи за богатење на поединци од власта, наместо за производство на струја, праша Митева.
извор:ВМРО ДПМНЕ