Стоилковски за пожарот во кумановскиот суд: Власта се подготвува за заминување, индикативни се пожари и поплави во институции

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање како го коментира пожарот во кумановскиот суд и изгорената архива одговори дека власта се подготвува да замине и веројатно смета дека ќе успее да се сокрие криминалот.Индикативно е што сега и периодот претходно се случуваат пожари и поплави во јавни институции каде што страдаат документи и архиви. Власта се подготвува да замине и веројатно смета дека ќе успее да се сокрие криминалот. Секој криминал, индиции за криминал, но и наводни несреќи  и индиции за наводни несреќи и пожари и поплави по смената на власта ќе бидат детално истражени. Одговорност ќе има, истакна портпаролот Стоилковски.

извор: ВМРО ДПМНЕ