Пејачката Ријана роди момче

0
456

Пејачката Ријана роди момче – нејзиното второ дете со раперот АСАП Роки.

Според американските медиуми, бебето се родило на почетокот на овој месец.

„Добро упатени извори ни кажаа дека бебето се родило на 3 август во Лос Анџелес. Сè уште не се знае името на детето, но знаеме дека започнува со ‘Р’ и оти е момче“ – пишува „ТМЗ“.

Пејачката го роди својот прв син во мај 2022 година.

Вистинското име на пејачката е Робин Ријана Фенти, а таа нема издадено албум од 2016 година.

Неодамна, Ријана ѝ се врати на музиката со песната „Lift Me Up“, за потребите на филмот „Црниот Пантер: Ваканда засекогаш“.

 

 

fokus.mk