Одделот за воздухопловни единици при МВР дејствува во реонот на планината Јакупица, во близина на велешкото село Богомила каде успешно беа изгаснати неколку краци од пожарот што настана денеска, но пожарот се уште е активен и заедно со пожарникарите од ТППЕ Велес се преземаат дополнителни мерки за негово гасење.
-По добиено барање од Центарот за управување со кризи дека поради непристапниот терен во шумата потребно е да се активираат два хеликоптера на МВР, веднаш е постапено и хеликоптерите до сега прецизно исфрлија над 80 тони вода. Хеликоптерот Ми-171 во 25 налета исфрли преку 60 тона вода, а хеликоптерот БЕЛЛ 212 во 20 налета исфрли преку 20 тона вода, информираа од МВР.
МВР