МОН попушти – ќе се олесни полагањето државна матура

Годинава ќе се олесни полагањето државна матура во интерес на сите средношколци, информираа од Министерството за образование и наука (МОН), по средбата на министерот Јетон Шаќири со претставници на Сојузот на средношколци.

Ќе се олесни полагањето на тестот по мајчин јазик при што тој ќе има помалку прашања и ќе носи од 60 до 80 поени, а не како досега од 80 до 100 поени.

Потоа на средношколците ќе им бидат доставени материјалите за интерните испити и банките со прашања и тоа ќе биде направено најдоцна четири недели пред интерниот испит. Во материјалите ќе има трипати поголем од бројот на прашања отколку што ќе има на испитот. Ќе им се препорача на универзитетите првиот екстерен испит да биде соодветен на сите студиски програми, а ќе се препорача и промена на соодносот на поените меѓу екстерните и интерните испити при упис, во корист на интерните. Ова се барањата од Сојузот на средношколци коишто беа прифатени од Министерството за образование и наука.

Тие бараа и одложување на првиот екстерен испит, но тоа не им е прифатено поради веќе донесениот Календар за оваа учебна година, наведува од МОН.

Средношколците бараа да се олесни начинот на полагање на државна матура, оти во последните четири години, средношколците повеќе од година и пол учеа онлајн поради пандемијата со ковид-19, а ова учебна година речиси секојдневно имаше дојави за бомби во училиштата поради што губеа часови.

извор: slobodnaevropa.mk