ТВ 24: Пожарот во зградата во Чаир е предупредување – да се спречи непланската градба и огромната урбанизација

По повеќе од 24 часа целосно е изгаснат пожарот кој настана во подрумските простории во зграда на улица Серава во Чаир. Илјада метри квадратни опожарен простор, кој служел како магацин и во истиот се складирале големи количини запаливи материјали, објави 24.mk.

Запалената пластика предизвика многу високи температури кои сериозно ја оштетија бетонската конструкција на зградата, а тоа значи дека е нарушена и статиката на целиот објект. Состојбата со опожарениот дел на зградата и состојбата на становите во зградата дополнително ќе се утврдува. Надлежните органи допрва ќе истражуваат за причините. Тв 24 побара експертски став од деканот на Градежниот факултет при УКИМ-што треба да се направи за да не се дојде до вакви пожари?

„Ние како држава имаме стандарди за градење, стандарди за заштита од пожар, стандарди за противпожарна заштита, односно почитување на одредени мерки во градбите, опрема која ќе оневозможи брзо пламнување на пожар. Почитување на стандрди во однос на тоа што се’ може да се складира во просторот на зградите. Почитување на урбанистички правила за да има пристапност на противпожарните возила. Ова звучи едноставно, меѓутоа за жал кај нас, сметам дека ниту едно од овие правила и стандарди не се почитуваат целосно. Само прашање е на време кога ќе се случи нешто.“  – д-р Горан Марковски декан на Градежен факултет при УКИМ.

Гаснењето на пожарот било отежнато поради големата количина чад и високата температура во подрумите на зградата, поради тоа во гасењето беше вклучено и специјално противпожарно возило на Армијата. Дел од станарите велат дека се оставени сами на себе и седеле под ведро небо, за нив велат, доправа доаѓа голготата.

Евакуирани се 120 станари. Дел од станарите и во овој момент се присутни, но не сакаат да зборуваат пред камерите. Позади камерите велат дека се сомневаат дека им недостасуваат работи од нивниот стан. Сомневањата на станарите ги потврдија и надлежните институции.

 

Текстот во целост: 24.mk