Двајца македонски државјани биле уапсени на граничниот премин со Грција, „Дојран“ откако полицијата пронашла 599 фалсификувани бланко документи од разни европски земји.
Тие се веднаш и осудени на затворска казна.
Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека Прекршочниот суд во Кукуш, двајцата уапсени ги прогласил за виновни за фалсификување и здружување со цел економска корист и биле осудени на затворска казна од пет години.
Според агенцијата, двајцата обвинети за време на рочиштето не откривале детали и се бранеле со молчење.