Започна лидерската средба во Собранието, не присуствуваат Апасиев и Касами

Точно на пладне започна лидерската средба на премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски со лидерите на парламентарните политички партии.

Пред средбата изјави дадоа лидерот на ДПА Мендух Тачи, на ДОМ Маја Морачанин и на Демократскиот сојуз Павле Трајанов.

Власта очекува да постигне консензус за европската иднина на државата и да обезбеди поддршка за иземни на Уставот, со оглед дека до овој момент, СДСМ и ДУИ заедно со сите останати албански политички партии располагаат со 74 гласови, или 6 пратеници помалку од неопходното двотретинско мнозинство. Покрај ова, власта ќе го презентира и пакетот законски измени неопходни за заокружување на европската агенда.

фото: NEWS1.mk