Касами: Состанокот што го свика премиерот Ковачевски е формалност, за да се спаси ДУИ од обврската да седне на иста маса на претставниците на албанските партии

0
130

„Состанокот што го свика премиерот Ковачевски е само формалност и има за цел да се спаси ДУИ од обврската да седне на маса со претставниците на албанските партии, а на покана на Беса, на која претставникот на ДУИ би требало да даде отчет за реализацијата или нереализацијата на преземените обврски со договорот, во кој услов е внесување на албанскиот јазик во Уставот“, рече претседателот на Беса Биљал Касами кој денеска одржа прес-конференција и кажа дека нема да оди на лидерската средба што ја свика премиерот Ковачевски, објави МКД.МК.

Касами нагласи дека Беса сериозно се залага за забрзување на евроинтегративниот процес на Македонија и рече дека за земјава нема друга алтернатива освен членство во ЕУ.

„Но, една од главните европски вредности е познавањето на јазикот на еден народ, што не е случај ниту во Северна Македонија каде албанскиот јазик сѐ уште се дефинира со погрдниот термин ’20 проценти’. Состанокот што го свика премиерот Ковачевски е формалност, за да се спаси ДУИ од обврската да седне на иста маса на претставниците на албанските партии, на која претставникот на ДУИ требаше да даде отчет за реализацијата, или не, на преземените обврски со договорот, во кој услов е внесувањето на албанскиот јазик во Уставот на државата“, рече Касами.

Тој додаде дека Беса останува отворена за дијалог за решавање на прашањата и од национална природа, кои се, нагласи, и меѓународно загарантирани.

Извор: МКД.МК