Тачи: Време е да се разговара за идентитетот на Албанците да станат дел од правните норми на нашата земја

Мислам дека станува збор за уставните измени. Се надевам со добар дијалог ќе постигнеме договор, бидејќи друг пат и начин немаме за да го деблокираме евроинтеграцискиот процес. БЕСА за мене се се уште дел од коалицијата „Можеме“ со СДСМ. Многу е лошо кога книгата која ја вие пишувате ќе ја предава некој на друг универзитет. Тоа е крадење на платформа и идеја, изјави изјави лидерот и пратеник на ДПА, Мендух Тачи пред почетокот на лидерската средба во Собранието.

Тој смета дека е време јавно да се разговара за идентитетот на Албанците да станат дел од правните нормни на нашата држава.

Мислам дека не е моментот за услови и уцени и трето не е моментот да се дава оружје на рака на противниците на интеграциските процеси. Разговарав со Ахмети за оваа тема, но ние немаме никаков услов и тоа треба јасно да каже, рече Тачи.

фото: Архива