Митева: Предвремени парламентарни избори се излез од кризите, граѓаните на анкета на меѓународна организација кажаа дека Македонија со СДСМ се движи во погрешна насока

0
313

Предвремени парламентарни избори се неопходни после сите случувања кои ги има во Македонија.  Граѓаните на последната анкета која излезе од меѓународна организација кажаа каква е предноста на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ. Кажаа дека Македонија во овој момент се движи во погрешен правец и тоа е доволен показаттел зошто СДСМ бега од избори, изјави Марија Митева член на ИК и портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ за „Само вистина“ на Канал 5.

Таа истакна дека единствениот излез од кризите се предвремени парламентарни избори и да дојдат луѓе кои навистина знаат како и знаат да допринесат за овие граѓани, наспроти тоа што го прави СДСМ измиантиве 5 години која освен кризи ништо друго не донесе.

– Во моментов македонија нема инфлација туку стагфлација. Тоа значи инфлација, високи цени и стагнација на економијата. Тоа е реалноста со која се соочува Македонија во овој момент. Што презема власта по однос нна кризата, каде се пакетите мерки? Еве имаме зголемување на горивата, каде се мерките? Секој изминат ден или час е на тежина на граѓаните. Цената ја плаќаат граѓаните, потенцира Митева.

Во врска со преговорите со Бугарија Митева истакна дека  СДСМ колку и да лаже дека е транспарентна никој не знае што содржат пакетите кои ги понудија на Бугарија, што преговараат и кои се интересите на Македонија, а во меѓувреме СДСМ го одби предлогот од ВМРО-ДПМНЕ за национален консензус и подадена рака во однос на најважните  прашања се бараше писмени гаранции дека повеќе нема да се кочи патот на Македонија кон ЕУ, дека ќе имаме гаранции за посебноста за јазикот и идентитетот на македонскиот народ.

Митева истакна дека СДСМ толку не сака нацинален консензус што ја одби и пдложената Декларација за Гоце Делчев и обраќајќи се кон соговорникот Дарко Каевски од СДСМ му порача дека прво треба да ја погледнат таа Декалрација која ја одбија а истака беше за чествување на 150 годишнината од раѓањето на Делчев.

Митева нагласи дека до јуни тешко дека ќе има напредок, а  државата е заглавена помеѓу петте датуми што ги добивме според СДСМ, веќе видено сценарио, веќе видени изјави и работни групи кои потпишаа меморандум и претходно.

– Ветија дека работните групи ќе имаат состанок еднаш неделно, јас не гледам дека имаат, во медиумите не сме виделе соопштенија и изјави во однос на работата на работните групи, што потврдува дека ништо не се прави во врска во однос на економијата, инфраструктрата, образованието и слично, рече Митева.

Таа посочи дека ваков пристап на манипулација кој го употребува СДСМ во однос на преговорите со Бугарија навистина никому не му е потребен.

–  Каевски претходно тврдеше дека одговорите кои ги имаат дадено на 4+1 и 5+1 се јавно објавени, а до ден денес не може да се најдат кои се одговорите.  Одговор на овие пакети никаде нема.  СДСМ колку и да се труди да се фали дека е транспарентна одговори на тие барања нема никаде. Прв пат сега слушаме дека имало класифицирани работи во нив, што сега ги кажа Каевски. Не се знае за што преговараат и кои се интересите на Македонија, истакна Митева.