Пет години владеење на СДСМ и на оваа влада која како што видовме освен расипничка не е ништо друго и се уште нема ниту трага ниту глас од Клиничкиот центар во Штип. Како и секој еден крупен капитален проект во време на СДСМ, ниту овој проект нема да види бел ден со нив. Цели пет години поминаа, а СДСМ не стави ниту една цигла и не закова ниту една шајка во Клиничкиот центар во Штип, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:
Откако го доживеаја огромниот пораз на локалните избори и свесни дека ќе си заминат од позициите во Владата, Венко Филипче прв побрза и се сети на Клиничкиот центар во Штип, но не за да го гради, и за да биде во корист на граѓаните, туку за да Венко Филипче исплати 2.5 милиони кон грчката фирма која го гради, Интракат и тоа изведувајќи сериозна операција каде биле вклучени најверојатно според пишувањата на медиумите, повеќе министри од владата на СДСМ што е и извршен притисок врз судството за да се одблокира сметката токму на оваа фирма Интракат, која должи на над 600 македонски компании подизведувачи.
Според написите во медиумите тогашниот министер за правда Маричиќ издејствувал во месец ноември 2021 веднаш по локалните избори да се одблокира сметката на фирмата Интракат од страна на Судот и баш тогаш кога била одблокирана, Венко Филипче во неколку трансакции во неколку наврати ги префрлил тие 2.5 милиони евра. Филипче платил 2.5 милиони евра, на фирма која повеќе од 1.5 година нема ниту еден вработен на објектот и е со блокирана сметка до неодамна. Наместо да го раскине договорот Филипче, тој им исплатил сериозна сума на пари. Милионска сума на пари буквално за ништо.
Веднаш потоа, сите пари биле испумпани надвор од Македонија во странство. Долгот кон тие над 600 компании во Македонија кои биле подизведувачи останува неисплатен.
Дали Бојан Маричиќ извршил притисок врз граѓанскиот суд да ја тргне блокадата на сметката на Интракат?
Дали фирмата Интракат преку странски сметки ќе дава провизии и ќе исплаќќа провизии за овие милионски трансакции на македонски политичари?
Проценете сами.
Едно е јасно. Криминалот на СДСМ секогаш од далеку мириса и се гледа.