(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 45 тони вода, локализирани пожарите во општините Кривогаштани и Сара

0
350

Денеска (23.08) Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од ЦУК за гасење на пожар што избил денеска околу 14:00 часот на територија на општина Кривогаштани, меѓу селата Подвис и Годивје, упати хеликоптер од типот Белл 212 што делуваше во 45 налети и исфрли 40 тони вода и заедно со пожарникари од ТППЕ Кривогаштани, Прилеп и Крушево пожарот е ставен целосно под контрола.

Исто така, Одделот за воздухопловни единици по пријавен пожар од страна на ЦУК во Општина Сарај, кај село Љубин интервенираше со хеликоптер од типот Ми-171 и во 2 наврати прецизно исфрли 5 тони вода и заедно со Ер тракторите на ДЗС помогна во целосно гаснење на пожарот.

извор: МВР