(ВИДЕО) Синоќа подметнат пожар на две ќебапчилници во Скопје

Во подметнат пожар вчера ноќеска изгореле два дуќани во старата Скопска чаршија. Снимка од моментот кога избувнува пожарот до „Фокус“ ја испрати читател кој рече дека две ќебапчилници целосно изгореле, а зафтен бил и соседниот ресторан.

На снимката се гледа како две лица се доближуваат до еден од дуќаните и по неколку секунди избива силен пожар, најверојатно предизвикан од молотови коктели.

Повеќе информации и потврда чекаме од МВР.

Видеото може да го погледнете ТУКА 
fokus.mk