Традиција на почетокот на учебната година за првачињата во Кина е т.н. Каиди-церемонија

Церемонијата Каиди е стара со векови. Учењето се сметало за света мисија и со церемонијата требало да се разбуди интерес за учење. Во фокусот на ритуалот се оддавање почит на родителите и учителите за нивниот ангажман. На крајот на 20-от век обичајот загубил на значење, но сега оваа традиција повторно оживува. Тоа го докажува и оваа фотографија на првачиња, направена во основно училиште во Анлонг, во кинеската провинција Гуичжоу.

За време на церемонијата учениците носат традиционална облека „ханфу“. На нивните чела има црвена точка, кој означува отворање на духот на детето за мудрост. Освен тоа, црвената боја во Кина е боја на среќата. Потоа се тропа, што е благослов и симбол за амбициозност и упорност во животот, а тоа е и знак на сеќавање на кинескиот филозоф Конфучие. Врв на церемонијата е првиот обид на учениците да пишуваат. Со калиграфско перо се исцртуваат две заоблени линии, што значи „човек“.

 

 

DW