Заврши Меѓународниот фестивал на огнометот во Германија

Деветнаесеттиот Меѓународен фестивал на огнометот, кој се одржуваше во Штутгарт, Германија, во кој учествуваа и тимови од Белгија, Соединетите Американски Држави (САД) и Грција, заврши со шоуто на грчкиот тим „Flammende Sterne“, јавува Анадолу.

Тимот ја воодушеви публиката со ласерското шоу, а потоа фасцинираше илјадници луѓе со огнометот.

Оваа година на натпреварот победија САД, Грција беше втора, а Белгија трета.

извор: Анадолу
фото: Анадолу