Останки од исчезнат аргентинец пронајдени во стомакот на ајкула

0
99

Останки од телото на Диего Бариjа, кој исчезна во крајбрежниот град Комдоро Ривадавија во јужна Аргентина, се пронајдени во стомакот на ајкула уловена од рибари, јавува Анадолу.

Полицајката Даниела Милатруз изјави дека идентитетот на Барија бил потврден од неговото семејство врз основа на тетоважата на неговото тело.

Наведе дека рибарите пронашле човечки останки додека ја чистеле ајкулата што ја уловиле во аргентинската провинција Чубут.

Милатруз истакна дека имаат информации дека Бариjа последен пат бил виден на плажа и дека исчезнал по пливање во морето.

Началникот на полицијата во Комодоро Ривадавија, Кристијан Ансалдо, рече дека ќе биде извршен ДНК-тест за официјално да се потврди идентитетот на Бариjа.

Ансалдо рече дека ајкулата била долга околу 1,5 метри.

Вирџинија Бругер, сопругата на Диего Бариjа, потврди дека се пронајдени посмртните останки на нејзиниот сопруг.

 

aa.com.tr