Музичарот кој го критикуваше Путин падна на мраз во река и почина

Основачот на поп група чија песна стана химна за време на антивоените протести во Русија почина во неделата на 34-годишна возраст, пишува Newsweek. Музичарот Дима Нова, чие вистинско име беше Дмитриј Свиргунов, ја основа популарната електронска група Cream Soda, која ја критикуваше наводната палата на рускиот претседател Владимир Путин вредна 1,3 милијарди долари во песната Aqua Disco.

Споменатата песна често се пееше на протестите пред и во раните денови на руската воена инвазија на Украина, а протестите брзо станаа познати како Аква Диско забава. Свиргунов паднал низ мраз додека ја минувал реката Волга во Јарославскиот регион, пишува Медуза. Во моментот на несреќата тој бил во друштво со својот брат и уште двајца пријатели. Во понеделникот Cream Soda на Инстаграм потврди дека Свиргунов починал.

„Синоќа се случи трагедија. Нашиот Дима Нова се движеше покрај Волга во друштво на пријатели и падна низ мразот. Министерството за вонредни состојби се уште трага по неговиот брат Рома и пријателот Гоша Киселев. Аристарх, нашиот пријател кој исто така падна низ мразот, бил пронајден, но немало спас за него. Веднаш штом имаме информација од Министерството за вонредни состојби ќе ве информираме“, напишаа од групата.

 

a1on.mk