Џесика Геген е новата Мис Англија. 26-годишната девојка, која била исмејувана на училиште поради црвената коса, сега е пресреќна што ја освои оваа титула.
Џесика е студент по воздухопловно инженерство. Taa ги победи останатите 30 учеснички на натпреварот за убавина кој се одржа во Бирмингем.
Геген била навредувана и исмејувана од своите соученици и за да го избегне малтретирањето, била принудена да го јаде училиштниот оброк во тоалет.
Со прогласувањето за најубава девојка во Англија, таа ги замолчи оние кои ја исмејуваа. Џесика ќе ја претставува својата земја на Мис на светот.
Со својот успех, Џесика се надева дека ќе им ја зголеми замодовербата на децата со природна црвена коса.
„Никогаш досега немало црвенокоса Мис Англија. Сметам дека ако ја освојам оваа титула, ќе можам да ги охрабрам децата кои се исмејувани поради изгледот и бојата на косата“ – изјавила таа.
„Целото мое патување на Мис Англија е поради тоа што сакам да го посочам овој проблем. Има деца кои минуваат низ истите нешта како мене и сакам да им покажам дека тоа не трае вечно. Секогаш има светлина на крајот од тунелот“ – додала Џесика.
femina.mk