Денес екстремно топло со температури над 40 степени Целзиусови

0
104

До крајот на денов, како и утре продолжува екстремно топлиот бран од Африка, па така и температурите насекаде во Македонија ќе надминуваат 30 степени, тие во поголем дел од државава ќе се искачуваат  и до околу 35 степени, додека во Скопската котлина, во централните како и во југоисточните предели од државава локално ќе се искачат до, па  и над 40 степени.

Ув индексот  и понатаму ќе има екстремно висока вредност и ќе има коефициент некаде помеѓу 9 и 10, па токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности. Покрај топлотниот бран, во воздухот е присутно и поголемо количество на Сахарска прашина  и песок, па токму поради ова  и атмосферата е доста заматена, а сонцето го чувствуваме како да е од под облак, а времето е многу мачно и спарно.

Сепак, поради развивање на секундарен висински циклон над Средоземјето, од утре  попладне атмосферата во Македонија полека ќе почнува да се дестабилизира, па така утре попладне можна е изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на крупен град, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

meteoalarm.mk