По пожарите, Грција сега под закана од катастрофални поплави

Грчките пожарникари успеаја да излезат на крај со големите пожари во североисточниот дел на земјата, делумно, благодарение и на поројните дождови кои во понеделникот ја зафатија земјата. Големиот пожар во шумските подрачја во регионот на Дадија, во близина на грчко-турската граница се речиси целосно изгаснати.

Но, со најавеното пристигнување на невремето „Даниел“, експертите очекуваат нови проблеми во вид на поплави, лизгање на земјиштето и пад на мрежата на електрична енергија.

Поројните дождови во Грција започнаа уште во понеделникот вечер.

Поголеми штети се очекуваат на островот Евиа, каде големите пожари пред две години го оставија земјиштето без природна заштита од вода и кал.

Масовна мобилизација
Бирото за цивилна заштита предупреди од „поројни дождови, невреме, град, електрични празнења и голем пад на температурата“ во следните неколку дена.

Се очекува најпогодени од невремето да бидат регионите Тесалија во централна и Пелопонез на југот на Грција.

Вакви невремиња се невообичаени за овој период од годината во Грција, затоа што најчесто се случуваат од октомври натаму. Според грчките медиуми, властите во земјата го зголемиле степенот на подготвеност во очекување дека до среда вечер ќе паднат околу 500 милиметри дожд на квадратен метар.

 

DW