Од страна на одговорно лице за животна средина од горенаведениот правен субјект согласно обврската од А-Интегрираната Еколошка Дозвола телефонски и по е-пошта утрото на ден 5 септември во ДИЖС е добиено известување дека на ден 05.09.2023 година во раните утрински часови (околу 04:00 часот) е опожарена депонијата Дрисла. Веднаш се информирани противпожарната служба и службата на МВР – Скопје. Пожарот беше гасен со сопствена механизација и средства како и со асистенција на неколку возила од противпожарна служба.
🧑🚒🚒Пожарот е локализиран и изгаснат околу 08:30 часот.
👮♂️Во моментот се води истрага за причините на негово настанување од страна на МВР-Скопје, за што ДИЖС ќе биде информиран во континуитет.
📷Депонија Дрисла
извор: Државен инспекторат за животна средина