Градоначалникот Пецаков оствари средба со градоначалникот Ракалмунто, Сицилија, Винченцо Маниглиа

Протоколарна средба, денес оствари градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков со неговиот колега, градоначалникот на општината Ракалмунто, Винченцо Маниглиа.

На средбата градоначалниците разговараа за воспоставување на соработка во повеќе области. Бидејќи и двата градови изобилуваат со културно – историски знаменитости се отвораат можности за соработка во областа на зачувување и нивно провмовирање.

Соговорниците разговараа и за предизвиците со кои Охрид се соочува во насока на зачувување на статусот на УНЕСКО и за ЕРАЗМУС + програмата и за размена на искуства.

 

извор: Општина Охрид

Фото:Општина Охрид