Нова партија на Албанците стапува на политичката сцена – Народно движење

Нова партија на Албанците стапува на политичката сцена. Синоќа, пратеникот Скендер Реџепи – Зејд го основаше Народното движење. Тој е избран за претседател. „Добар почеток на политичкото патување, патување кое ќе ни овозможи да ја зачуваме насоката која почна многу порано“, напиша Реџепи на социјалните мрежи.

Реџепи беше избран за пратеник на листата на Алтернатива. Лани во јуни ја напушти партијата и продолжи да дејствува како независен пратеник.

Летово ова е трета новоформирана партија на Албанците. Изет Меџити го основаше Демократското движење, а Аријанид Хоџа – Европската демократска партија.

извор: Телма