(ВИДЕО) Жени се истепале за влез во тоалет

Големо внимание на социјалните мрежи предизвикува снимка од тепачка што се случила за време на концертот на Морган Волен во Питсбург, САД. Како што објави „Times Now News“, пред мобилните тоалети дошло до жестока физичка пресметка меѓу две жени.

На почетокот на видеото може да се види нивната вербална расправија, а по неколку разменети зборови настанува целосен хаос. Двете толку многу се туркале што паднале во една од кабините од каде излетала вознемирена девојка која веќе била внатре.

Една од учесничките во тепачката буквално завршила во тоалетната школка, а потоа во гужвата влетале уште две жени и настанал општ „хаос“ кој обезбедувањето залудно се обидувало да го спречи.

https://twitter.com/i/status/1698621873657917709

Конечно, жена во униформа успеала да спречи инцидентот дополнително да ескалира, а учесничките побегнале пред да дојде полицијата.

Снимката, која трае 52 секунди, ја погледнале повеќе од 13 милиони луѓе, а локалните медиуми пронајдоа една од актерките. Таа тврди дека ја бранела својата мајка (во бел џемпер) која „ја чувала вратата додека била во тоалетот“.

 

republika.mk