Истражувачите открија нов вид диносаурус во Зимбабве, пренсува Анадолу.
Тие ги открија коските на новиот вид диносаурус во близина на езерото Кариба на границата со Замбија, кои датираат од пред околу 210 милиони години до доцниот тријас.
Откритието покажа уникатни карактеристики по кои се разликуваат од другите познати видови диносауруси од таа ера.
Овој вид е идентификуван како ран вид од сауроподоморфната група, познат по долгиот врат и тревопасната исхрана, наречени Musankwa sanyatiensis.
Ова го означува четвртото откритие на диносаурус во Зимбабве и го нагласува богатиот потенцијал на регионот за палеонтолошки истражувања.
Истражувањето беше спроведено од тим од универзитетите Витвотерсранд и Стони Брук, заедно со Природонаучниот музеј на Зимбабве и Природонаучниот музеј во Лондон, и објавено во списанието „Acta Palaeontologica Polonica“.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.