Адел се вери

Пејачката Адел се свршила за своето момче Рич Пол, а деталите од крунисувањето на нивната љубов ги објавија странските медиуми и открија дека венчавката наводно веќе била закажана.

Двојката планира свадба за ова лето, а се вериле по две години врска.

Адел беше видена како носи огромен дијамантски прстен на нејзиното последно шоу во Лас Вегас за време на викендот, што дополнително ги поттикна шпекулациите.

Веста за нивната свршувачка прв ја објави сајтот „Deux Moi“ кој тврди дека информацијата дошла од сигурен извор близок до парот.

Инаку, Адел и Рич последен пат беа видени на Супер Боул претходно овој месец. Минатиот мај, пејачката потврди дека таа и Рич се вселиле заедно во прекрасната палата што ја купиле.

Нејзиниот тим до сега не објави ништо на оваа тема, па медиумите се лишени од коментар од глобално популарната пејачка.

Да потсетиме, Адел стави точка на претходниот брак со Сајмон во 2021 година. Таа од претходниот брак има син кој го носи нејзиното презиме.

 

popara.mk