Голманот на турски Малатијаспор, Ахмет Ејуп Туркаслан (28), трагично го загуби животот по разорниот земјотрес што во понеделникот наутро ги потресе Турција и Сирија.
– Ахмет Ејуп за жал е пронајден под урнатините на земјотресот во Турција. Изразуваме сочувство до неговото семејство, најблиските и сите погодени од оваа страшна трагедија – напиша неговиот клуб.
Турските медиуми објавија дека сопругата на фудбалерот го преживеала земјотресот во кој животот го загубиле повеќе од 1.300 луѓе.
– На тимот му дадов одмор два дена по натпреварот. Многу играчи не беа во Малатија. Таму беше само нашиот резервен голман, Ахмет Ејуп Туркаслан. Ја спасија неговата сопруга, јас сум скршен – изјави тренерот на Ејуп, Јилмаз Вурал.
Целата кариера ја помина во турскиот фудбал, а најубавите денови ги помина во Анкараспор каде настапуваше во сезоната 19/20. бранеше на 22 првенствени натпревари.
Malatyaspor goalkeeper Ahmet Eyüp Türkaslan was sadly found under the rubble of the earthquake in Turkey. 🕊️
Our condolences go out to his family and loved ones and everyone effected by this awful tragedy. ❤️🙏 pic.twitter.com/KJLokFHDoV
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) February 6, 2023
24sata.hr