„Првите два дена вееше снег, но третата вечер само што влеговме во сместувањето се вклучи алармот дека се појавила Поларната светлина и во паника Марина некако излезе прва, па јас во тој миг се снајдов и успеав да го земам прстенот…“, споделува Александар Стојановиќ (30) од Скопје за запросувањето на својата саканата во Лапонија, Финска.
По 10 години и 10 месеци врска, Александар Стојановиќ (30) од Скопје ја запроси својата партнерка Марина Стратрова (30) од Скопје, за време на нивното патување на Северниот Пол во Лапонија, Финска додека на небото се гледаше спектакуларната Поларна светлина.
Лапонија е најголемиот и најсеверниот регион во Финска, а Поларна светлина e природна појава на светлина на небото, особено во поларните региони, предизвикана од судирот на наелектризираните честички под влијание на магнетното поле на Земјата.
повеќе на crnobelo.com