Ѓоковиќ одлично го почна мечот со Медведев, го доби првиот сет со 6-3 и поведе со 1-0.
Вториот сет беше неверојатен, траеше дури еден час и 45 минути, а Србинот го доби во тајбрејк со 7-5.
По маратонскиот втор сет, Ѓоковиќ одигра уште еден релативно лесен сет, го доби со 6-3 и дојде до победа од 3-0.
Ова за Ѓоковиќ беше 24. грен-слем титула, тоа е бројот кој на дресот го носеше легендарниот Коби Брајант. Турнирот се играше во САД, се поклопија сите коцки и Новак му ја посвети оваа победа нему.
По крајот на мечот Ѓоковиќ облече маица на која пишуваше Мамба засекогаш, го имаше бројот 24 и слика од двајцата големи шампиони.
„Коби ми беше близок пријател. Зборувавме многу за победничкиот менталитет кога јас имав проблеми со повреди и се обидував да го направам мојот камбек. Тој беше еден од луѓето на кои можев најмногу да се потпрам, секогаш беше тука за совет. Тоа што им се случи на него и неговата ќерка ме погоди длабоко. 24 е дресот кој го носеше кога стана легенда на кошарката. Ова беше симболична работа да му се оддаде признание за сите работи кои ги направи“, рече Ѓоковиќ по мечот.
Djokovic with a tribute to Kobe after his record breaking 24th Grand Slam 💜💛🎾 pic.twitter.com/PwBjOdbQhV
— LakeShowYo (@LakeShowYo) September 10, 2023
https://twitter.com/i/status/1701026544184164453
mkd.mk