Задолжително носење на маските во здравствените установи, препорака од Комисијата за заразни болести

0
197

Портпаролот на Комисијата за заразни болести – д-р Злате Мехмедовиќ денеска информираше дека на состанокот на која се дискутирало за состојбата со коронавирус, била донесена препорака – задолжително носење на маските во здравствените установи.

„Тоа е со цел да се минимизира пренесување на заразата во здравствените установи. Таму имаме групи кои може да бидат зафатени со тешка слика од Ковид вирусот кој може да се јави и летарен исхох“, изјави д-р Мехмедовиќ.

Ова следува по појавата на подваријантата на коронавирусот Ерис во околните земји, но и зголемениот број на ковид-случаи во Србија.

 

 

fokus.mk