Македонската царина заплени детектори за метал, воени шлемови и револвери

0
173

Опрема за пронаоѓање злато и други метали, но и војнички шлемови и стари револвери кубури – антиквитети, се запленети на влез на граничниот премин Табановце од страна на царински службеници при спроведена детална контрола на возило со украински регистарски таблички, управувано од украински државјанин.

➡Во возилото во неколку торби и една кутија биле пронајдени три стандардни и еден мал детектор за метал, двоглед, седум војнички шлемови, мини стругалка, два стари револвери – кубури, една аукциска книга, лупа, мини дрон, како и препарирана глава од алигатор.

➡Контролата на возилото е извршена поради основано сомневање во исказот на патникот, кој на прашање на царински службеници одговорил дека нема ништо за пријавување. Лицето и неговата сопруга патувале во две посебни возила и според нивните искази планирале подолго да се задржат во нашата држава.

➡Стоката е привремено задржана, со што е спречена можноста за употреба на истата и вршење нелегални активности на територија на Република Северна Македонија. Против лицето е поднесена пријава за сторен царински прекршок.

 

Извор: ФБ Царинска управа