ФОКУС: Сведочење на началник -Се шокиравме кога ја најдовме Вања, обвинетиот Кешишов не однесе до телото и велеше дека не е човек

0
16

На денешото судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, сведочи Дејан Димовски, началник на единицата за насилен криминал во СВР Скопје. Тој во детали објаснуваше како била вршена потрагата по исчезнатата Вања, објави ФОКУС.

-На 27 ноември минатата година добивме информација дека исчезнато е девојче. Во вечерните часови добив повик од колега да се вклучиме, бидејќи има изјави од родителите дека е можно да е киднапирано, грабнато. Веднаш ги повикав колегите и отидовме во полициската станица Центар, сведочеше началникот.

Тој посочи дека во стартот имало некои нелогичности.

-Ги повикавме родителите, директорката на училиштето, педагогот и класната. Ми беше нејасно зошто толку брзо Вања е пријавена за исчезната, во 8 часот и 2 минути. Но од разговорот ми се разјасни, бидејќи Вања требало да дојде на класен час за некој проблем што го имала со друго девојче за учебник, па класната затоа веднаш алармирала, но и имала навика да известува веднаш кога нема да се појави некој ученик, велеше сведокот.

Тој истакна дека повеќе комуницирал со мајката на Вања, а друг колега со таткото Александар.

-На колегата му било чудно што таткото Александра седел во кола не барал и постојано велел она е киднапирана, можно е да е убиена. Се правеа проверки и во Охрид. Во еден момент и реков на мајката, доколку е киднипирана, може и ќе е добро, во смисла дека ќе имаме трага, дека некој ќе не бара, ќе бара откуп, но немаше такво нешто.
Работевме на теории кои не водеа од разговорите од родителите. Ни кажаа дека Вања имала виртуелен дечко од Шведска, многу често комуницирале. Го пребаравме неговиот профил на фејсбук, имаше знаме од Исис. Па се насочивме кон него. Дали влегол во државата и на тоа изгубивме доста време, сведочеше началникот.

Кога излегле на терен заклучиле дека девојчето пешки не се движело, туку морала да излезе со возило.

-Излеговме и на терен да видиме каде живеело девојчето. Ги мапиравме сите камери. Но имаше еден мртов агол кој го покрива влезот на зградата кој не го фаќа камера. Од тоа заклучивме дека девојчето пешки не ја поминало улицата, зошто тогаш ќе влезело во видик на камера. Бевме убедени дека е замината со возило. Ги гледавме возилата и вршевме преглед на сите за да видиме нешто сомнително и да видиме девојче во возилото. Мислевме дека од некаква причина сакала сама да замине, да ги казни родителите. Но во возилата што поминуваа немаше девојче, велеше сведокот.

Текстот во целост на: ФОКУС