Бугарскиот музичар Кирил Маричков ненадејно почина на сцената во петокот вечерта, јави БНТ. За време на настапот Кирил Маричков паднал од бина и удрил со глава, па се уште не е јасно дали имал срцев удар или само доживеал несреќа на сцената.
Инцидентот се случил околу 18 часот и 45 минути. Брзата помош пристигнала за 7 минути, а како што се наведува Маричков починал при реанимација.
Поради трагедијата концертот бил прекинат, а полицијата го блокирала теренот.
Бугарската рок легенда, инаку фронтмен, басист, пејач и композитор на бугарската рок група „Штурците“, на 30 октомври наполни 80 години.
Неговото семејство вели дека тој секогаш сакал да си замине вака, додека бил на сцена.