Угинаа 14 млади китови кашалот на брегот на островот Тасманија, во Австралија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), локалното население ги видело китовите на плажа на островот Кинг (Кралскиот Остров) во северна Тасманија и ја пријавило таа ситуација на властите.
Властите соопштија дека во областа каде што умреле 14 млади китови кашалот ќе се изврши потрага од воздух за да се види дали има повеќе китови што се угинати.
Ванеса Пирота, истражувачка на дивиот свет, истакна дека китовите што угинале можно е да „пловеле кон погрешен правец“, да се болни, да следат дезориентиран водач или да се плашеле од плитки води.
извор: Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).