Македонскиот џудист Еди Шерифовски ќе учествува на летните Олимписки игри во Париз

0
28

Најдобриот македонски џудист Еди Шерифовски ќе учествува на летните олимписки игри Париз 2024г. Одлуката е донесена врз основа на постигнатите резултати на Шерифовски од страна на Меѓународниот олимписки комитет и Меѓународната џудо федерација.

-Со ова продолжува трендот на континуирано учество на македонски џудисти и џудистки, имајќи во предвид дека се ова трети Олимписки игри по ред на кои учествуваат најдобрите македонски спортисти и спортистки во џудо, истакнуваат од МОК.

 

 

strugaonline.mk