Тие се многу гостољубиви и срдечни, многу горди на своето богато културно наследство. Топли и сакаат дружба, сакаат добра храна и кај нив сигурно ќе уживате и ќе јадете од најдоброто.
Вака професорот Јасмин Брашњиќ ја почнува приказната која стои запишана под изведбата на „Мојата Македонија“ на Ајдин Османовиќ.
-Вредни и посветени на работата, ја сакаат природата, се гордеат и уживаат во пејсажите на својата земја, со радост ќе ве запознаат со убавините на преубавата Македонија, додава професорот.
А за музиката во Македонија, професорот Брашњиќ ќе ви рече – ,,Е тука се единствени во светот. Го засакаа нашиот Ајдин како да е дел од нив. Песната „Мојата Македонија“ ја обработивме на свој начи за сите наши пријатели, вели Брашњиќ.
А нам по овие зборови и описи на Македонија и Македонците, не ни останува ништо друго освен да уживаме во бисерното грло на Ајдин Османовиќ.
kurir.mk